Поранешниот хрватски репрезентативец, Ѕвонимир Бобан денес имаше што да каже за фудбалските чиновници, кои управуваат со процесите во Европа
Тој ги нарече раководните луѓе во УЕФА корпоративните циници без фудбалски срца
Пред неколку месеца бившата ѕвезда на Југославија, Хрватска и Милан, Ѕвонимир Бобан сам ја напушти престижната позиција на фудбалски директор во УЕФА.
Некогашниот фудбалер од средниот ред не успеа да се помири со начинот на работа на скапо платените функционери во европската централа, брутално газејќи вековни вредности за сметка на установување на цинични корпоративни правила.
“Ја напуштив УЕФА заради морални убедувања. Кон крај на периодот во централата, јаа бев се поизолиран и се чувствував безкорисен,” изјави Бобан во интервју за “Газета дело Спорт”, објавено денес
“Неможев да продолжам да работам со луѓе, чија политика го руинира светот на фудбалот. За нив се важни единствено сопствените интереси.
“За жал, со години гледаме, дека технократијата и чиновничкиот цинизам не внесуваат во фудбалски систем, кој е лишен од вредностите, кои треба да се застапуваат и заштитуваат.
“Тие луѓе сметаат, дека се поважни од играта, од фудбалерите, од тренерите, од фановите. Иако се борев за промени во УЕФА, и во ФИФА, не бев од полза… Тие немаат потреба од такви како мене.”
Бобан се осврна и кон информациите дека ќе биде кандидат за претсе дател на УЕФА
“Кој го тврди тоа, греши. Немам таква намера, но еден вистински фудбалер би бил многу корисен за УЕФА,” рече тој.
Бобан го навлече гневот на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и неговите блиски соработници откако не ја подржа намерата на Словенецот да се бори за нов претседателски мандат во 2027 година