Пејачката ангажирала и готвачка.
Виолета Вики Миљковиќ (49) деновиве одлучи да го искористи заслужениот одмор. Моментално е на крстосување со семејството, со сопругот Драган Ташковиќ Ташке и синот Андреј.
Таа на својот инстаграм-профил сподели убави моменти од одморот. Пејачката создала вистинска атмосфера за семејството, а ангажирала и готвачка која специјално им приготвува оброци.
Добро утро, нашата Гуркан ни прави палачинки. Појадокот е готов, само момчињата спијат – открива Вики во видеото кое го сподели на социјалната мрежа.
Поврзани објави
Инаку, на Виолета и на нејзиното семејство на одморот им се придружи и победникот на „Ѕвездите на Гранд“ Нермин Ханџиќ, чија менторка беше Вики за време на натпреварот. Познато е дека Нермин остана во одлични односи со својата поранешна менторка и често настапуваат заедно.
Фото и видео: Инстаграм