Почетна ТехнологијаЦрква запалена и напуштена од виорот на војната во 2001 ги спротивстави околните жители на селото Галате со истражните органи

Црква запалена и напуштена од виорот на војната во 2001 ги спротивстави околните жители на селото Галате со истражните органи

од nenad
2 минути читај за


Дека се работело првично само на расчистување на дворот на црквата Св. Петка во атарот на гостиварско Галате, тврдат граѓаните кои учестувале во активностите, а вчера на социјалните мрежи споделија видео во кое се гледа присуство на полиција, што предизвика бурни реакции. Објаснуваат дека се работи за доброволна акција за уредување на просторот околу црквата, кој бил запуштен, зашто објектот бил нефункционален откако бил опожарен во конфликтот од 2001 година.

-Започнавме во саботата. Цело време имавме обструкции од полиција, инспектори од Општина. Дадоа насоки да се задржи багерот, сме направиле узурпација на земјиштето. Што вика Обвинителство дека немало насоки за притвор, не е точно, имаше насоки за притвор тука имаше полно луѓе. Не ни треба дозвола, немаме градежни активности, го чистиме дворот. Ако градиме ќе треба, но сега за сега не треба, расчистуваме, депонија беше местото изјави Душко Павловски.

Од МВР и од Обвинителството демантираат дека имало издадено наредба за приведување. Велат дека постапувале по пријава од Општина Врапчиште. „Секторот за внатрешни работи Тетово во текот на вчерашниот ден постапувајќи по претходна пријава доставена до СВР Тетово од страна на инспектор за урбанизам од општина Врапчиште, направи увид на месноста викана Топли извори на локацијата на црквата „Света Петка “, каде што, наводно, според пријавата – се изведувале незаконски градежни работи на црквата. При увидот полициските службеници разговарале со затекнатите граѓани кои што го чистеле црковниот двор и околината на самиот објект.

Притоа не се одземени никакви предмети од затекнатите граѓани, ниту пак е извршено некакво приведување“. Од Обвинителството велат дека увидот треба да покаже какви работи се извршувале.

 Работите се прекинати, а по насоки на јавен обвинител денеска полициски екипи ќе извршат увид на лице место со цел да се утврди каков е статусот на објектот и работите кои се извршувале, како и дали во целиот настан воопшто има елементи на кривично дело. Став и детали за случајот побаравме и од Општина Врапчиште на официјалната меил адреса, но до завршување на прилогот не добивме одговор.

Данијела Билбилоска,ТЕЛМА