Почетна МакедонијаМинистерот за правда Игор Филков упати честитка по повод 8 септември – Денот на независноста.

Министерот за правда Игор Филков упати честитка по повод 8 септември – Денот на независноста.

од nenad
0 минути читај за

                    ,,Нека ни е честит и вековит 8-ми Септември, Денот на независноста! Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на нашата држава кога пред 33 години, на референдум, граѓаните убедливо гласаа да живеат во независна, слободна и демократска Република Северна Македонија. На овој ден оддаваме почит и благодарност до сите наши предци кои со својата храброст, пожртвуваност и посветеност го трасираа патот на независна и самостојна држава. Само единствени и сплотени, со зацртана визија и цел ќе успееме да ја направиме нашата држава подобро место за живеење на сите нејзини граѓани.’