40
– Во денешниот руски напад врз Павлоград во областа Днепропетровск загина најмалку еден човек, а повредени се 55, од кои три деца.
Според украинското военовоздухопловство, руските сили употребиле ракети Искандер-М или севернокорејски балистички ракети КН-23, што биле истрелани од руските региони Воронеж и Ростовски.
Во индустрискиот град Павлоград пред војната имаше над 100,000 жители.
Градот е важен железнички јазол во регионот Дњепропетровск, поврзувајќи го со источниот дел на Украина, каде руските вооружени сили полека напредуваат кон градот Покровск. ми/фото: Икс .
Извор: МИА