Македонската музичка икона Каролина Гочева повторно покажува дека не само што ги поставува музичките стандарди, туку и модните трендови. Вчера на Инстаграм Стори Каролина објави момент од зад камерите додека ја фотографираат, каде се гледа дека изгледа апсолутно фантастично во сребрен фустан кој го доловува најактуелниот тренд на годината.
Сребрената нијанса совршено го истакнува нејзиниот тен и елеганција, додека дизајнот на фустанот ја нагласува нејзината витка фигура. Овој стилски избор е моден хит кој дефинитивно привлекува погледи и остава впечаток на самоувереност и софистицираност. Оваа сребрена комбинација дефинитивно е тренди парче што треба да го има секоја дама во својот гардеробер.
Поврзани објави
Фото: Принтскрин