Почетна МакедонијаПесков: Лага е дека Путин му се заканувал на Џонсон

Песков: Лага е дека Путин му се заканувал на Џонсон

од nenad
1 минути читај за

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги демантираше тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин „му се заканувал со ракетен напад“ и изјави дека знае што разговарале Путин и Џонсон.

„Не, тоа што го кажа г-дин Џонсон не е точно, туку е лага. И, згора на тоа, ќе кажам дека тоа е или свесна лага, тогаш прашањето е со која цел избрал таква верзија на изјавата, или е несвесна, бидејќи тој всушност не разбрал што му кажал претседателот Путин“, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање.

Песков рече дека знае што разговарале Путин и Џонсон, пренесува РИА Новости.

Инспирирано од: infomax.mk

Leave a Comment