
Согласно четирите основни столбови од Планот за економски раст, С. Македонија ќе се фокусира на пет приоритетни области во реформската агенда: управување и реформа на јавната администрација, енергетска и зелена транзиција, развој на човечкиот капитал, подобрување на деловното опкружување и владеење на правото. „Ќе работиме на зајакнување на јавната внатрешна финансиска контрола, зајакнување на системот за јавни набавки, декарбонизација и обновливи извори на енергија, (соларна и ветерници), усвојување на систем за трговија со емисии на гас, енергетска ефикасност и справување со загадувањето на воздухот.
Тука спаѓа и развојот на образованието и вештини преку реформи на средното стручно образование, како и реформа на државните и јавните претпријатија, вклучително и воведување на интелигентен транспортен систем, зголемување на е-услугите во царинското работење“, додаде тој. Предвидено е и да се реформира изборното законодавство, да се зајакне независноста, квалитетот и интегритетот на правосудството, борба против корупцијата и организираниот криминал, донесување на нов Кривичен законик и Закон за кривична постапка согласно стандардите на ЕУ и други приоритети кои во интерес на времето не би ги набројувал детално.