Српската пејачка Ана Николиќ платила дури 30.000 евра за својот најголем хит „Ромале ромали“.
Ана во 2006 година со оваа песна се претстави на „Беовизија“, а иако важеше за фаворит таа година, не победи.
Николиќ за оваа песна платила 30.000 евра и дефинитивно е еден од нејзините најголеми хитови.
Зоран Кики Лесандриќ своевремено зборувал за соработката со Ана Николиќ и тогаш признал дека таа многу го налутила, па затоа одлучил „Ромале ромали“ страшно многу да ѝ ја наплати.
Бев безобразен и таа безобразност е наплатена, а од друга страна требаше да го правам целиот албум, па Мили се врати, се налутив и ја наплатив цената што беше оправдана – изјавил Кики за „Блиц“, а на прашањето дали навистина песната вредела 30.000 евра, тој одговорил:
– Во тоа време беше многу скапо да се продуцира, скапа беше и Марина, како и Љиља Јорговановиќ, песната секако ја оправда цената и нејзе ѝ донесе пари.