Град Скопје продолжува со одличната кампања и мисли на сите граѓани од Скопје.
Град Скопје ја поддржува работата на двата дневни центри за лица со интелектуална попреченост Порака, во Аеродром и Капиштец, согласно програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита.
Дневните центри обезбедуваат поддршка на лицата со интелектуална попреченост на дневна основа, вклучително и обука за усовршување вештини за самостојно живеење, работни и образовни програми, како и дополнителни активности за активен и исполнет социјален живот.
Градот Скопје продолжува да поддржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства.