Второто издание на големиот детски турнир „OLYMPUS CUP 2024“ во Паралија Катерини, навистина ветува дека ќе биде нешто специјално. Меѓу 24-ти и 27-ми октомври,се очекуваат повеќе од 90 тима од Бугарија,Србија,Македонија,Црна Гора,Малта,Турција и Албанија.


Во првото издание во април половина од клубовите беа од Србија – Рад Белград,Аполон Крагуевац,Будучност,Национал и Филип Филипович од Ниш,Лидер и Дубочица од Лесковац. Сега ќе има и нови. И многу од Македонија – Академија Пандев/Брера/,Македонија ГП,Вардар и Александро од Скопје.
Многу атрактивни се и Беране/Црна гора/,ДИФ Косовска Митровица и СК Лајонс од Малта. Има и многу бугарски тимови – уште сега учеството го потврдија Тича Варна,Академика,Тракија Пловдив,Вихрен Сандански, Арда 1924 и уште многу други!
Топлото време во октомври,топлото море и уникатната локација ,навистина се како магнет за малишаните од Балканот. Со два збора – неверојатен турнир!