Почетна ТехнологијаАхмети на средба со Гир: ДУИ е посветена на стабилноста и отфрла секакви монтирани обиди за дестабилизација

Ахмети на средба со Гир: ДУИ е посветена на стабилноста и отфрла секакви монтирани обиди за дестабилизација

од nenad
1 минути читај за

Лидерот на ДУИ на средбата со евроамбасадорот, зборувал, како што стои во партиското соопштение, и за тенденциозните предупредувања на премиерот Христијан Мицкоски за дестабилизација, истакнувајќи загриженост за можно намерно владино инсценирање преку обвинувања на други со цел, како што посочил, да се дефокусира јавноста од потфрлувањата на власта.

-ДУИ е посветена на стабилноста, безбедноста, мирот, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи како и европската интеграција и отфрла секакви монтирани политички владини обиди за дестабилизација. Исто така, остануваме најпосветениот партнер на Европската Унија и Соединетите Американски Држави во Северна Македонија кој што ја гледа земјата партнер и членка на НАТО и ЕУ, истакнал Ахмети.