Раперот Драгомир Деспиќ Десингерица се најде на удар на јавноста во Хрватска, а причината за тоа, како што обично се случува со соседите, е крајно бизарна…
Драгомир Деспиќ Десингерица од ден на ден се повеќе шокира со своето контроверзно однесување, а сега се најде на удар на јавноста во Хрватска која сака да го „затвори“ и тоа ни помалку ни повеќе туку пет години.
Имено, раперот преку социјалната мрежа Инстаграм се пофали дека ужива во Истра, што беше доволно за да започне хаосот на социјалните мрежи и „ударот“ против него, токму поради тоа што го јадел во ресторан. Имено се одлучил за школки, кои, според локалните медиуми, со закон е забрането да се ловат.
Поврзани објави
Да потсетиме, Драгомир Деспиќ Десингерица последниве недели е во центарот на вниманието на јавноста поради неговите ексцентрични настапи, каде плука во уста на девојки и момчиња од публиката, ренда сирење и им крши банани, јајца и што ли уште не на главите.
Ваквото негово однесување го осудија и бројни јавни личности, а се огласија и челниците на одредени општини кои истакнаа дека нема да толерираат такво однесување. Но, имаше и такви, како Јелена Карлеуша, кои сметаат дека раперот не е тој што треба да воспитува ничии деца и дека таа не гледа проблем во тоа што тој го прави.
Фото: Printscreen/Instagram
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: