Почетна Убавина и здравјеЏенифер запустена и намуртена, а Бен Афлек шокира со новиот изглед – Убавина и здравје

Џенифер запустена и намуртена, а Бен Афлек шокира со новиот изглед – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Бен Афлек изгледа сè помладо и подобро, а на Џенифер Лопез како да ѝ потонале сите бродови

Откако одекна веста дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се разведуваат, медиумите не престануваат да го следат секој чекор на познатата двојка. Имено, латино-дивата и холивудската ѕвезда повеќе од два месеца се немаат појавено заедно никаде во јавност, што го подгреа сомнежот дека има неволји во рајот.

Потоа, будното око на папараците воочи дека веќе не носат бурми и дека Афлек купува нова куќа. Беше очигледно дека дојде крајот на љубовта што предизвика неверојатен хаос на светската сцена. Меѓутоа, од моментот кога беше објавено дека веќе не се заедно, овие две ѕвезди се однесуваат комплетно различно.

За Афлек сите велат дека процутел откако не е со Џеј Ло и истакнуваат дека новиот имиџ добро му стои и дека му избришал најмалку деценија од лицето. А актерот не мирува, јури по улиците на Лос Анџелес на мотор, додека истовремено е преокупиран со средувањето на новиот дом.

На социјалните мрежи може да се прочитаат злобни коментари дека така изгледа маж кога ќе се разведе од токсична жена. Имено, постојано кружеа шпекулации дека начинот на живот на Џенифер Лопез не му одговара, бидејќи не сакал секој дел од нивната приватност да му го покажува на светот, додека пејачката била подготвена на сè за да си ја зголеми популарноста уште повеќе.

Поврзани објави

Многумина сметаат дека капката што ја прелила чашата е одлуката на Џеј Ло да покрене бренд на алкохолни пијалаци, иако добро се знае дека Афлек долго време имаше проблем со алкохолизмот.

Се чини дека Афлек заблескал, додека на Џенифер ѝ потонале сите бродови. Иако се трудеше да прикаже дека сè е во ред, па дури и го прослави роденденот со семејството и пријателите на источниот брег, лицето ја издало дека не е добро расположена.

По одморот на источниот брег, се вратила во Лос Анџелес намуртена во модна комбинација што никако не ѝ прилегала. Изгледала нервозно во широка бела тренерка и крем маица, додека одозгора облекла долг џемпер.

Допатувала со приватен авион, и тоа сосема сама.