Илон Маск вели дека бил прелажан да му дозволи на своето транс-дете да зема блокатори на пубертетот
Еден од најбогатите претприемачи на светот, 53-годишниот Илон Маск, изнел драматични тврдења дека транзицијата на неговото дете е резултат на „вирус на будење на умот“. Исто така, рекол дека неговиот син е „мртов“ поради тоа.
Во провокативно интервју со доктор Џордан Питерсон на 22 јули, основачот на „Тесла“ и на социјалната мрежа Х, навел дека бил измамен да му даде одобрување на своето, сега отуѓено, дете да користи блокатори на пубертетот.
Технолошкиот могул е татко на 12 деца. Неговото трансродово дете Вивиен Џена Вилсон е едно од шесте деца што ги дели со поранешната сопруга и канадска авторка, Џастин Вилсон.
Вивиен (20) легално ги променила името и полот во зградата на судот во Санта Моника, Калифорнија на 22 јуни 2022.
Таа одбрала да го земе мајчиното презиме, очигледно предводена од желбата да се оддалечи од својот биолошки татко. Тогаш 18-годишната девојка открила дека не сака да има никаква врска со својот татко и поднела петиција на 18 април 2022 година во Вишиот суд на округот Лос Анџелес.
„Веќе не живеам ниту сакам да бидам во сродство со мојот биолошки татко на кој било начин“, напишала таа во петицијата.
Очигледно е дека Илон сега има комплициран однос кон Вивиен, бидејќи во интервјуто од 22 јули тврдел дека неговиот „син“ сега е „мртов“. Милијардерот го кажал тоа кога го прашале што мисли за изведувањето процедури за промена на полот кај деца.
Поврзани објави
„Тоа му се случи на едно од моите поголеми момчиња, кога всушност бев прелажан да потпишам документ за една таква процедура“, му кажал тој на водителот.
„Ова беше пред да сфатам што се случува. Ковидот беше во екот, па имаше многу забуни и ми кажаа дека Ксавиер би можел да изврши самоубиство ако не потпишам“, продолжил Маск.
„Тоа било лага уште од самиот почеток“, забележал доктор Џордан, кој исто така не одобрува промена на пол кај деца.
„Неверојатно зло и се согласувам со вас дека луѓето кои го промовираат тоа треба да одат во затвор“, рекол Маск.
Технолошкиот претприемач ги опишал блокаторите на пубертетот како „лекови за стерилизација“. Исто така, рекол дека тоа не му било објаснето кога дал согласност за лекувањето на Вивиен.
„Во суштина, го изгубив синот. Тие го нарекуваат тоа мртво име со причина. Причината зошто тоа се нарекува мртво име е тоа што вашиот син е мртов. Мојот син Ксавиер е мртов, го уби вирусот на будниот ум.“
Блокаторите на пубертетот, создадени за да ги паузираат промените предизвикани од пубертет, станаа жариште на значајни контроверзии. Овие лекови го спречуваат телото да произведува полови хормони, како што се тестостерон и естроген.
Тие можат да им понудат „пауза“ на адолесцентите кои доживуваат родова дисфорија, давајќи им време да го истражат својот идентитет. Меѓутоа, употребата на блокатори на пубертетот, исто така, се соочува со огромни критики. Критичарите расправаат за долгорочните ефекти на плодноста и густината на коските, како и за потенцијалните неповратни дејства.
Некои сметаат дека лекот е неопходна алатка за ментално здравје и благосостојба, додека други веруваат дека прерано ги препишуваат без доволно да размислат за нивните долгорочни последици.