Почетна ЕкономијаУдрил велосипедост со возило, избегал па сам се пријавил

Удрил велосипедост со возило, избегал па сам се пријавил

од nenad
0 минути читај за

Како што соопштија од СВР Тетово, вчера во 13.25 часот во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово се пријавил А.К.(30) од тетовски Порој, кој бил со патничко возило „бмв х5“ со швајцарски национални ознаки со кое учествувал во сообраќајна несреќа со велосипед, која била пријавена во СВР Тетово на 22.07.2024, а во која велосипедистот им подлегнал на повредите во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Возилото е задржано за вонреден технички преглед и криминалистичко-техничко вештачење. Известен е јавен обвинител и ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.