Што треба да знаете доколку сакате да пријавите осигурен случај врз основа на здравствено патничко осигурување? Зошто е толку важен изборот на здравствено патничко осигурување? За да можете брзо и лесно да го решите проблемот, како на пример, во случај да се разболите за време на вашето патување.
Ги објаснуваме клучните процедури и чекори каде и како да склучите здравствено патничко осигурување, и да пријавите осигурен случај.
Не цената, туку осигурителното покритие
Кога одлучувате за вистинското осигурување за вашето патување во странство, не размислувајте само за опцијата со најниска цена. Наместо тоа, запрашајте се зошто го земате ова осигурување и на какви ризици ќе бидете изложени додека патувате. Внимателно проверете ја листата на покритие на пакетот за патничкото осигурување кое што сте го избрале за да знаете во кои случаи можете да добиете помош од осигурителната компанија.
Ајде да погледнеме како да извршите пријава на осигурен случај доколку ви треба медицинска помош.
Ако се разболите додека патувате
Доколку се разболите додека патувате во странство, а сте осигурени во Триглав Осигурување, потребно е да го пријавите настанот на осигурениот случај кај нашиот партнер „Europ Assistance“, чија услуга е достапна 24 часа на ден:
– со повик во Контакт центарот на телефонски број: +381 11 4144 105
– со испраќање на e-mail порака на: [email protected]
Поврзани објави
Исто така, можете да го пријавите осигурениот случај без дополнителни трошоци доколку имате пристап до Интернет / WiFi, имено:
– со бесплатен повик преку следниот линк: https://eoperation.euro-Assistance.hu/webrtc/M_Triglav_RS
– со скенирање на QR-кодот
Вработените во контакт центарот ќе го организираат вашето лекување, а осигурувањето ќе ги покрие трошоците за лекување во болница и евентуални трошоци за неопходен превоз до болницата или до матичната земја во рамките на осигурената сума. Во овој случај, не треба да правите ништо повеќе. Освен ако не одите кај лекарот што ви е препорачан.
Друга можност е, откако ќе се јавите на „Europ Assistance“ и ќе го пријавите осигурениот случај, сами да ги платите медицинските услуги и кога ќе се вратите од странство да поднесете барање за надомест на трошоците со комплетна документација до осигурителната компанија.
Во тој случај, покрај пријавата, оригиналните сметки и лекарскиот извештај, мора да доставите фотокопија од картичката за тековна сметка и пасошот.
Покрај личното пријавување во најблиската канцеларија, штетата можете да ја пријавите со испраќање на соодветниот пополнет образец, по пошта на адресата „Триглав Осигурување“, Бул. Осми Септември бр. 16 или по е-пошта на адресата [email protected] , со напомена дека кон пријавата е потребно да ги доставите сите медицински извештаи и оригинални фактури, кои сте ги добиле при плаќање на медицинските услуги.
Многу е важно да ги пополните сите полиња од апликацијата за осигурениот случај според полисата за патничко осигурување. Ако не го направите ова, ќе биде потребно подолго време за да се одлучи по Вашето барање, бидејќи осигурителната компанија треба повторно да ве контактира за да ги добие информациите што недостасуваат.
Текст и фото: ПР