Пејачката од него добила значителна сума на пари…
Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал официјално се разведоа на 6 јуни во Истанбул, по 10 години брак, а како што пренесуваат турските медиуми, пејачката од него добила значителна сума на пари.
Според турскиот Хабертурк, Сандал на Емина и оставил две третини од приходите откако ја продал нивната луксузна куќа во Истанбул. Се шпекулира дека од продажбата на оваа вила ќе инкасираат најмалку 3 милиони долари.
Освен тоа, Сандал на поранешната сопруга ќе и купи нова куќа во Србија, која ќе чини најмалку 250 илјади долари.
Поврзани објави
Исто така, Емина месечно од алиментација ќе добива по 15.000 турски лири или 2.800 евра. Мустафа ќе плаќа и по 5.000 турски лири или 938 евра месечно за секое од нивните деца. Финансиски ќе го покрива школувањето и одморот на своите деца, а за ова ќе издвои 60.000 турски лири или 11.257 евра годишно.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: