105
Судот на Флорида денеска го отфрли кривичното дело против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кое беше обвинет за незаконско чување доверливи документи во одморалиштето Мар-а-Лаго.
Судијката Ајлин Кенон ја донесе одлуката по сослушувањето на кое адвокатскиот тим на поранешниот претседател повика да се откаже од обвиненијата покренати од специјалниот советник Џек Смит. Таа одлука доаѓа откако Врховниот суд објави дека претседателот има имунитет за службени дела, пренесува „Гардијан“.