Пејачката Рада Манојловиќ е една од најпозитивните луѓе на музичката сцената, а зад нејзината насмевка се крие голема тага откако на многу млада возраст ја загубила својата мајка Мирјана.
Имено, нејзината мајка починала кога имала 19 години, во нејзините раце.
„Можете да замислите, јас и сестра ми спиеме во едната соба, а таа лежи на масата во другата. Но, сè поминува, така и животот. Честопати психијатрите и мотивационите говорници велат дека човекот е најлошото животно во однос на тоа што може да издржи“ – започнала во својата исповед Манојловиќ.
Поврзани објави
Рада посочува дека животот го загубила по вина на докторот.
„Ја сонував мајка ми неколку пати и бев многу среќна кога и да ја сонував. Тоа само ми го продолжи животот и многу сум благодарна. Понекогаш се будам во солзи, понекогаш со блажена насмевка и многу ми е тешко што одамна не сум ја сонувала. Постојано е присутна, постојано мислам на неа“ – истакнала Рада.
Пејачката отсекогаш гордо истакнувала дека е од село, а родното Четереже е враќање на најубавите моменти од нејзиниот живот.