53
Италијанскиот стратег Џенаро Гатузо неодамна седна на клупата на Хајдук и тоа беше причина за голема еуфорија во овој клуб. Какви очекувања имаат навивачите од Гатузо најдобро покажува сликата од првиот отворен тренинг кој го одржа Италијанецот. На тренингот на сплитскиот клуб трибините беа полни како да се игра дерби натпревари. Хајдук има големи амбиции во новата сезона и веќе се споменуваат Един Џеко и Иван Ракитиќ како можни нови засилувања.