Почетна Убавина и здравјеНеверојатната љубовна приказна на еден од најдобрите фудбалери во светот! – Убавина и здравје

Неверојатната љубовна приказна на еден од најдобрите фудбалери во светот! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Велат дека зад секој успешен маж стои успешна жена, а тој тоа и јавно го признал

Еден од најдобрите фудбалери на планетава, Лајонел Меси, често истакнува дека не би бил толку успешен да ја немал поддршката од неговото прекрасно семејство, на чело со прекрасната сопруга Антонела Рокузо.

Нивната љубовна приказна е како од сценарио за некој романтичен филм. Иако со години се заедно, нивната идила ја нема нарушено ниту еден скандал. Меси и неговата сопруга се запознале уште како деца, преку нејзиниот брат. А славниот фудбалер многу години подоцна признал дека често се дружел и се гледал со него, само за да може да биде во друштво на Антонела.

 

Од друга страна, и оваа убавица му пишувала писма и целото нивно дружење било преслатко. За жал, животот ги разделил кога семејството на Меси се преселило во Барселона поради неговата фудбалска кариера.

„Замислете си на 13 години да се преселите со своето семејство на нов континент и нивната иднина да зависи од вас. Тоа беше комплициран период. Од една страна, беше спектакуларно да се дојде и да се игра за Барселона. Од друга страна, тешко ми беше да оставам сè зад себе: пријателите, остатокот од семејството, детството. Пристигнавме во земја каде што немав ништо. Почнав од нула“, рекол Меси во една пригода.

Поврзани објави

И Антонела и Меси продолжиле со своите животи. Лајонел станал еден од доминантните играчи на теренот, а Антонела му се посветила на образованието и станала неодолива дама. Се запишала на стоматологија и започнала емотивна врска со друг маж.

Но судбината имала поинаков план за нив. Повторно ги споила и тоа поради еден трагичен настан. Имено, најдобриот пријател на Антонела загинал во 2005 година. Поради несреќата, таа паднала во депресија и престанала да оди на факултет. Меси тогаш дошол во Аргентина само поради неа, за да ѝ даде поддршка и да ѝ помогне да се извлече од тешката психичка состојба.

Во меѓувреме, таа го оставила партнерот, а помеѓу нив повторно се појавила љубовни искри. Долго го криеле својот емотивен однос, а во 2009 година конечно им откриле на сите дека се заедно. Си кажале „да“ на гламурозна венчавка во 2017 година, а круна на нивната љубов се трите нивни наследници.

Интересно е што нејзиниот поранешен партнер, кого го оставила поради фудбалерот, во една пригода изјавил:

„Ме остави, но барем не ме остави заради кого било, туку заради Меси.“

Сопругата на Меси цврсто стои на земја и покрај богатството: Дали Антонела е најзгодната сопруга на фудбалер?