На родителите нема да им се допадне појадокот на Крстан и Жељко Ражнатовиќ.
Децата на Богдана и Вељкo Ражнатовиќ уживаат во семејната куќа на семејството Родиќ во Тител, каде што сè им е подредено на нив и на нивните потреби.
Малите Крстан и Жељко обожаваат да го поминуваат времето во големиот двор, каде што, меѓу другото, Вељко изградил и теретана на отворено.
Баба Данијела и дедо Богдан Родиќ важат за вредни, скромни и чесни луѓе, така ги воспитувале своите три ќерки – Наташа, Бојана и Богдана, па не е чудно што во нивното место важат за примерно семејство.
Неодамна имавме можност да видиме една прекрасна глетка од дворот на Родиќ.
Поврзани објави
Имено, Вељко објави фотографии од Крстан и Жељко за време на појадокот и додека тие уживаат во зеленилото и во убавата околина, многумина забележаа дека во чинијата на момчињата има јадење кое родителите масовно избегнуваат да им го дадат на децата.
Станува збор за варени виршли, кои повеќето деца сакаат да ги јадат, но мајките и татковците главно не им даваат, поради различните теории за штетноста и потенцијално лошите состојки во нив.
Со оглед на тоа дека семејството Родиќ со години одгледува кокошки, кои ги има на неколку пазари – некои во Белград, некои во Војводина, можеби тоа се домашни виршли и затоа на мама и тато немаат гајле.
Фото: Инстаграм