Почетна СветДелегација на Државниот aрхив на Македонија во Тирана по повод 75 години од формирањето на Државните архиви на Албанија

Делегација на Државниот aрхив на Македонија во Тирана по повод 75 години од формирањето на Државните архиви на Албанија

од nenad
1 минути читај за

Директорот на Државниот aрхив на Република Македонија, м-р Христа Најданов, заменик-директорот д-р Музафер Бислими и државниот советник за средување и обработка на архивски материјал, доц. д-р Аднан Шериф, присуствуваа на настан по повод 75-годишнината од формирањето на Главната дирекција на Државните архиви на Република Албанија во Тирана.

На маргините на официјалниот настан се одржа средба на директорот, м-р Христа Најданов, со директорот на Главната дирекција на Државните архиви на Република Албанија, г. Ардит Бидо, при што беше разговарано за продолжување и зајакнување на понатамошната соработка меѓу двата архива. Во текот на разговорот двајцата разменија мислења за унапредување на архивската дејност. На средбата, г.Ардит Бидо упати покана до м-р Христа Најданов за учество на Меѓународната конференција на архивите која ќе се одржи на 8 и 9 јуни во градот Елбасан.

5
2 2
1 1


Post Views:
82

Извор : vesnik-ilinden.com

Делегација на Државниот aрхив на Македонија во Тирана по повод 75 години од формирањето на Државните архиви на Албанија