„Украина и нејзините сојузници од Алијансата ќе добијат одговор со таква разорна сила што НАТО едноставно нема да може да одолее да биде вовлечен во конфликтот“, посочи Медведев.Поранешнот руски претседател и премиер порача дека Москва претпоставува дека целото оружје со долг дострел дадено на Украина е веќе директно контролирано од воениот персонал на земјите од НАТО.„Тоа воопшто не е воена помош, туку учество во војната против нас“, рече Медведев.
Затоа, порача тој, НАТО ќе мора законски да го квалификува уништувањето на својата опрема, објекти и војници во случај на „можни одмазднички напади… во контекст на членовите 4 и 5 од Вашингтонскиот договор“.Медведев изјави дека сегашниот воен конфликт со Западот се развива според најлошото можно сценарио и дека има постојана ескалација кога се работи за моќта на применливото оружје на НАТО и затоа никој не може да ја исклучи можноста за влез во финалната фаза. на конфликтот со Западот