67
Руската војска денеска соопшти дека во близина на Украина почнала вежби за употреба на тактичко нуклеарно оружје, кои ги наредил претседателот Владимир Путин на почетокот на мај, нагласувајќи дека тоа е одговор на западните „закани“.„Започна првата фаза од вежбите за подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во оваа фаза, руските војници вежбаат полнење „специјална муниција“ во батериите на ракетите „Искандер“, како и нивно „прикриено“ поместување во зоите на гаѓање.