Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER
Маж вооружен со нож смртно избодел едно лице и ранил уште најмалку едно во напад во францускиот град Бордо, јави ТВ БФМ, повикувајќи се на полициски извори.
ТВ БФМ јави дека напаѓачот бил убиен од полицијата. Според првите проценки, полицијата не смета дека нападот е поврзан со тероризам, објави ТВ каналот.
Обвинителите во Бордо не одговорија на барањето за коментар. На помалку од четири месеци пред Олимпијадата, Франција е на највисоко ниво на безбедносна тревога. Фудбалскиот натпревар меѓу Пари Сен Жермен и Барселона во средата вечер во француската престолнина се игра под засилено обезбедување по заканата од терористичката група Исламска држава.