Претседателскиот кандидат, Стевчо Јакимовски од ГРОМ својата претседателска кампања ја започна од Тетово. Оттаму тој порача дека време е да се промени црно-белиот свет на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
„Денеска тргнуваме ‘Храбро за Македонија’, нема назад и нема повлекување сѐ додека не го промениме црно-белиот свет во Македонија“, потенцирал претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
Јакимовски посочил дека некои од кандидатите бегаат од дебати затоа што очигледно сакаат да скријат нешто од јавноста па затоа не сакаат дебати на кои сето тоа може да се открие.
„Мислат дека со тоа што земале по 975 илјади евра со тоа добиле некоја предност, јас ќе им кажам дека парите се најмалку битни. Не милион евра, милијарди да истурат, народот точно гледа кој знае, кој разбира и кој искрено се бори за граѓаните на Македонија а кој се обидува да ги излаже“ порачал Јакимовски.