Жителите на Аеродром вчера ги дочека несекојдневна глетка на кејот на реката Вардар. На едно место на горната пешачка патека поставена е железна ограда која го спречува натамошното движење. Оградата е поставена на локација каде пред неколку недели Центарот за управување со кризи предупреди дека веднаш до патеката постои провалија која е ископана и необезбедена.
Станува збор за провалија која се наоѓа на приватно земјиште, односно ископ за изградба на градба за која дозвола дала општина Аеродром и токму таа општина е одговорна за посочената парцела.
Но наместо општината да му наложи на сопственикот да ја обезбеди парцелата, утрово оградата наместо на границата на парцелата со кејот, е поставена директно на пешачката патека со што се попречува нормалното движење.