Почетна БалканНасмеани дечиња на сите страни – Курир

Насмеани дечиња на сите страни – Курир

од nenad
1 минути читај за
Априлијада во реонскиот парк: Насмеани дечиња на сите страни

Општина Ѓорче Петров

Креативни, оргинални, одлични маски денеска продефилираа во централниот парк во Ѓорче Петров на „Априлијадата“ која ја организира Општина Ѓорче Петров во соработка со училиштата и градинката.

-Најважно од се е што видов многу весели дечиња на едно место. Особено ми е драго што повторно ги усреќивме нашите најмлади жители за кои ја приредивме оваа манифестација, затоа што за мене како градоначалник, но и како родител, нема поголема радост од насмеани млади лица, вели Стојкоски.

Градоначалник Александар Стојкоски

Маските многу позитивно ме изненадија. Се воодушевувам на идеите и креативноста. Честитки за оргиналноста на сите учесници и честитки и до сите добитници на наградите кои ги доделивме по повод 1 Април – Денот на шегата, додава Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров

Тој истакна, ова беше ден полн со љубов, шеги и по некоја детска лага. Благодарност до сите кои го посетија настанот. Се гледаме живи и здрави догодина!

Извор : Kurir.mk

Априлијада во реонскиот парк: Насмеани дечиња на сите страни