Почетна Убавина и здравјеТрибјут спектакл денеска во Станица 26 – Epidemik tribute to Pearl Jam

Трибјут спектакл денеска во Станица 26 – Epidemik tribute to Pearl Jam

од nenad
1 минути читај за

Трибјут спектакл денеска во Станица 26 – Epidemik tribute to Pearl Jam

Објавено на 03/29/2024

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL JAM трибјут бендови во регионот. Бендот Epidemic е создаден во 2017 година во Нови Сад како музички проект фокусиран на гранџ музиката, со посебен акцент на наследството на бендот Pearl Jam. Бендот го сочинуваат талентирани музичари – гитаристите Никола и Невен, тапанарот Угљеша и басистот Марко, а нивната единствена визија ја предводи енергичниот фронтмен Чуфи, чиј глас чудно потсетува на Еди Ведер.

Epidemic не само што ја проширува традицијата на музичката сцена во Сиетл, туку и ја претвора во одлична забава.
И не е само тоа! Журката не почнува со нив туку со скопската предгрупа „ТHE OOZ“ која сонично ја претставува психоделичната монотонија на секојдневието и гласно и хаотично си играат со комбинирање на психоделија, нојз-рок и пост-панк.

Билетите за Pearl Jam трибјутот на Epidemic можете да ги набавите на https://drugastrana.mk/event/pearl-jam-tribute-epidemic/