epa11233353 Hungary’s Minister of Foreign Affairs and Trade Peter Szijjarto attends a press conference during the Visegrad Group (V4) Foreign Ministers meeting in Prague, Czech Republic, 21 March 2024. EPA-EFE/MARTIN DIVISEK Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто смета дека изјавите на официјални претставници на поедини членки на НАТО за испраќање воени трупи во Украина го зголемуваат ризикот од нова светска војна.
„Во ваква критична ситуација не се само акциите тие кои имаат значење, туку и зборовите имаа огромно значење. Значи, кога станува збор за изјавите за можноста за испраќање војници во Украина во име на одредени земји-членки на НАТО, навистина е опасно, бидејќи не сакаме да ја гледаме таа закана и застрашувачкиот ризик од избувнување на светска војна која се приближува“, рече Сијарто. За време на состанокот со опозициските лидери на почетокот на март, францускиот претседател Емануел Макрон повтори дека Франција „нема граници и црвени линии“ кога станува збор за помошта на Украина, што вклучува и потенцијално испраќање копнени трупи.