Почетна Свет(Фото) Арсовска ги посети првороденото бебе и неговата мајка: Ване доби штедна книшка и неколку подароци

(Фото) Арсовска ги посети првороденото бебе и неговата мајка: Ване доби штедна книшка и неколку подароци

од nenad
1 минути читај за

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги посети првороденото бебе годинава и неговата мајка во Клиниката за Гинекологија и акушерство во Скопје.

– Првороденото бебе во Скопје во 2023 година се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје. Град Скопје на мајката и првороденото бебе во новата година им посака многу здравје и радости, со штедна книшка со 20 илјади денари и пригодни подароци.

За родилката Стојанка Панајотова, Ване е прво дете. На Стојанка и нејзиното семејство Град Скопје им посакува здравје, спокој, среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите, напиша гардоначалничката на Фејсбук каде сподели и фотографии од посетата.

ЛИНК од објавата на Арсовска

Инспирирано од: infomax.mk