Почетна ТехнологијаУште една недела може да се аплицира за локации за поставување подвижни „продавнички“ во Центар

Уште една недела може да се аплицира за локации за поставување подвижни „продавнички“ во Центар

од nenad
1 минути читај за

Станува збор за специјализирани возила за улична продажба, со должина од 4 метри, висина до 3 метри, поставени на површина до 16 квадратни метри, во што влегува подвижниот објект, подвижниот апарат или друга направа, манипулативниот простор и урбаната опрема (канта за отпадоци). Учесниците на повикот треба да имаат регистрирано дејност во Централниот регистар. Должни се да поднесат потврда за исполнети технички услови за вршење на дејноста, опис и фотографија на подвижниот објект што ќе го користат и уплатница од 1.000 денари на сметка на Општина Центар. За поднесените барања ќе важи принципот „прв дојден – прв услужен“ – информираат од Центар.

   

Рокот за поднесување на пријавите е до 14 март, а барањата се доставуваат во Архивата на Општина Центар, секој работен ден од 9 до 15 часот.