Почетна Убавина и здравје„Сите мора да бидат голи“ – еве како изгледа крстарењето со 2000 патници и 0 облека! – Убавина и здравје

„Сите мора да бидат голи“ – еве како изгледа крстарењето со 2000 патници и 0 облека! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Можете ли да си замислите крстарење на голем брод на којшто буквално сите патници се потполно голи? Да, навистина постои вакво нешто!

Крстарењата на кои облеката е непотребна се организираат уште од почетокот на 1990-тите години.

Еден 67-годишен маж раскажал како си поминал на бродот со околу 2000 патници, а тој на голата пловидба тргнал со својата тогаш 61-годишна сопруга. Патувањето започнало на Флорида и траело седум дена, а по пат ги посетиле Мексико и Хондурас.

Тој нагласил дека не станува збор за свингерско патување и дека атмосферата на бродот не поттикнувала на отворен секс, туку дека станува збор за нудисти, кои и вообичаено поминуваат многу време голи или одат на одмори во нудистички кампови.

Додека бродот е закотвен на пристаништето, сите патници се облечени, но кога бродот ќе отплови, ситуацијата се менува. Тогаш, капетанот на бродот ги известува патниците преку разглас дека сега слободно можат да се разголат. Исто така, кога бродот пристигнува на пристаништето, сите мораат повторно да се облечат.

Иако голотијата не е задолжителна, генерално сите ја користат можноста да бидат комплетно голи на ова крстарење.

Од друга страна, посадата на бродот е облечена, освен еден машко-женски пар, кој настапува во бродскиот театар. Меѓутоа, тие не мора да бидат голи ако им е непријатно.

Најчесто станува збор за постари лица, помеѓу 50 и 70 години. Мажот во својата исповед открил и дека имало многу геј мажи и не толку геј жени, иако и тие биле многу добро прифатени со оглед на тоа што атмосферата меѓу патниците била многу пријателска.

Тој исто така истакнал дека немало многу атрактивни луѓе, сосема искрено забележал дека имало многу такви по кои се гледало дека обожаваат убаво да се најадат и да се излежуваат.

„Имаше околу 20 отсто атрактивни луѓе, 20 отсто просечни и 60 отсто непривлечни луѓе“, открил голиот патник.


Поврзани објави

Што се однесува до националноста на патниците, открил дека имало најмногу Американци, па Европејци и Австралијци.

Луѓето на крстарењето генерално биле полни со почит и немало никакви непристојни понуди, па така никому не му ни паднало на памет да фотографира некого без дозвола, освен ако некој не сакал да се слика.

„Сите знаат дека не можете да фотографирате голи луѓе. На бродот бев помалку загрижен отколку кога бев на нудистичка плажа. Речиси никој не го носеше мобилниот телефон со себе надвор од кабината. Исто така, на бродот имаше истакнати многу знаци кои предупредуваа на примерно нудистичко однесување“, објаснил тој.

Кога станува збор за хигиената на бродот, овој маж објаснил дека сите се завиткувале во пешкир пред да седнат на пијалак или ручек, како и дека низ целиот брод имало многу чисти пешкири што можеле слободно да се користат.

Исто така, во главната трпезарија и во рестораните, облеката била задолжителна. Освен тоа, забележал дека многумина сакаат да се облечат убаво за вечерата, откако го поминале целиот ден голи на сонце.

„По 6 попладне на бродот имаше необична мешавина на голи луѓе, свечено облечени и жени во секси облека низ која им се гледаа градите, на пример“, открил тој.

Сè на сè, неговото прво искуство на голо крстарење поминало одлично, но не би го повторил бидејќи има уште многу други места што попрво би ги посетил.

Пензионерка (88) го продала својот имот и се преселила на луксузен крузер: 12 години постојано патува и ужива во животот