„Имајќи го предвид наведениот член од Законот за судови, последните измени на Кривичниот законик објавен во Службен весник бр. 188 од 07.09.2023 год., како и правната квалификација од обвинителниот предлог, односно ставот 4, судот утврди дека Специјализираното одделение за оргнизиран криминал и корупција, не е надлежно за судење на кривични дела од чл. 353 ст.4 вв со ст. 1 како што јавниот обвинител го поднел обвинителниот предлог, туку цитираните одредби од Законот за судови се однесуваат само на делото пропишано во став 5 од овој член.
Се додава дека со оглед на сето тоа, стварната надлежност да постапува е судот со основна надлежност на чие подрачје е извршено кривичното дело.Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.Инаку, деновиве Обвинителството поднесе обвинение против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за злоупотреби на пари на Општината во вршењето на функцијата. Мерко за себе како градоначалник купил луксузна и скапа лимузина марка ауди и тоа во време на огромни долгови на Општината и со спорна одлука.Против него се водеа и други истраги за можни кривични дела, но тие застареа. Обвинението доаѓа по краток период откако САД го ставија Рамиз Мерко на „црната листа“.