Почетна ТехнологијаПотребна е помош за Војдан: Напредокот е неоспорен, да не дозволиме назадување поради недостиг на финансии!

Потребна е помош за Војдан: Напредокот е неоспорен, да не дозволиме назадување поради недостиг на финансии!

од nenad
1 минути читај за

Роден предвреме, со дијагноза церебрална парализа која му била утврдена подоцна, тој минува една недела месечно во приватна поликлиника во Загреб, веќе три години по ред. Терапиите кои таму се правеле му донеле неоспорен напредок, и неговата мајка Марија вели дека доколку се прекинат истите, стравува од назадување на состојбата.

   

Раскажува дека современите методи кои се користеле во Загреб придонеле Војдан да започне да се смее, да зборува…Годишно за третманите им биле потребни 28.000 евра, плус имале трошоци за патување и сместување, и само со помош на донациите на хуманите граѓани успевале да си го дозволат тоа.

– Сумата не е мала, но напредокот на нашето дете доволно кажува дека мораме да продолжиме, иако сме принудени да бараме помош од јавноста. И во Македонија редовно одиме на терапии, јас дома му ги правам вежбите предвидени со физиотерапијата за кои се обучив, но сепак по секој престој на клиниката во Загреб, не може, а да не се забележи ново подобрување.
Затоа, замолуваме повторно за помош, секој денар е добредојден – апелира мајката.

Граѓаните можат да донираат на телефонските линии за донации: Т 143 139 и А1 143 442, како и трансакциска сметка на име Војдан Спасовски, во Силк Роад Банка 280 107102128795
IBAN MK 0728010701015332
SWIFT CODE KRSKMK2X  Исто така, може да се донира и на страницата https://www.gofundme.com/f/vojdan-ist-ein-kind-mit-zerebralparese