СВР Штип поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба” и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и против М.М.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикривање” и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
На 19.10.2022, малолетникот извршил „тешка кражба” во патничко возило „сузуки”, при што одзел ранец во кој имало пари, лични документи, пиштол „Застава м-57 ХРОМ” калибар 7,62 мм со две полни рамки и кутија во која имало 18 куршуми.
Потоа наредниот ден пиштолот го продал на М.М., кој знаел дека потекнува од кривично дело.