Почетна МакедонијаОД ПЕТОК ПОЧНУВА СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ – Ванковска и Апасиев поднесоа иницијатива до ДИК, имаат две недели

ОД ПЕТОК ПОЧНУВА СОБИРАЊЕТО ПОТПИСИ – Ванковска и Апасиев поднесоа иницијатива до ДИК, имаат две недели

од nenad
1 минути читај за

ПЕТОК почнуваме со собирање потписи во канцелариите на ДИК! – напиша претседателот на „Левица“, Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил.Тој објави дека заедно со Ванковска и ја поднеле Иницијативата за собирање потписи за кандидатура за Претседателските избори 2024 година до ДИК.

– Рокот за собирање потписи започнува во ПЕТОК (23-ти февруари) и завршува на 8-ми март (петок). Поддршката за кандидатурата на проф. Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот.

Преку Левица, не само што народот ја изразува својата волја, туку и вистински учествува во демократскиот процес преку реална народна партиципативност. Ги повикуваме сите мотивирани, свесни и неуценети граѓани да ни се придружат во борбата! – пишува во објавата на „Левица“.

   

 

Фото: Принтскрин/Фејсбук