Почетна ЕкономијаКалеска Ванчева во „Топ тема“: Како ВМРО-ДПМНЕ ќе го средат хаосот со личните документи? – Ќе го поништат Преспанскиот договор?

Калеска Ванчева во „Топ тема“: Како ВМРО-ДПМНЕ ќе го средат хаосот со личните документи? – Ќе го поништат Преспанскиот договор?

од nenad
1 минути читај за

На сите им е јасно дека не може да говориме за директен виновник и да посочуваме директен виновник, но одговорното однесува подразбира и конзистентност, рече Снежана Калеска Ванчева  вечерва во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Ме зачудува како тоа одеднаш ВМРО-ДПМНЕ кое што од самиот почеток говореше и наративот беше дека не треба да се вадат нови документи, имаше блокади на закони, дека ќе се поништи Преспанскиот договор, дека патните исправи и останатите документи ќе си важат со името Република Македонија, нели никогаш Северна, одеднаш говориме за нешто друго“, вели Калеска Ванчева.

   

Таа е согласна дека владата, по дефиниција, е најодговорна, но треба да разбереме дека во прашање беше многу сложен и комплексен процес, за кој влијаеја многу фактори. Не велам не, сигурно дека организацијата на самиот процес можеше да биде подобра, но не можеме да кажеме дека одговорноста е кај еден човек“, рече Калеска Ванчева.

Таа потсети дека беа формиран две меѓуинституционални комисии и беше донесен Акциски план.„Сите формално-правни претпоставки беа направени од МВР и што се беше преземено за тој процес да се истера до крај. Но, истовремено имавме и работи кои одеа во насока на опструирање на тој процес. Ако имало пропусти во самата организација, тоа треба да се испита и секој треба да сноси одговорност. Но, сега одеднаш се повикува на одговорност на власта, на министерот за внатрешни работи што дозволиле ваков хаос. И ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и ќе го среди тој хаос, бидејќи имаат решенија. На каков начин ќе го средат? – Ќе го поништат Преспанскиот договор? – Ќе направат друга организација? – Или ќе направат организација во недела да нема сликање на другите граѓани, ама ќе има сликање за некои 600 граѓани кои се сликале вчера под не знам какви околности“, се прашува Калеска Ванчева.