Група граѓани денеска протестираа во Тирана пред Амбасадата на Србија, во знак на поддршка за Косово и властите во Приштина, поради тензиите на северот на Косово и барикадите со кои Србите го изразија своето противење на политиката на Албин Курти.
Со извици „Рацете подалеку од Косово“, „Митровица е наша“, граѓански активисти протестираа пред амбасадата и побараа од албанската влада термините да се однесуваат на Србија.
Учесниците побараа од претседателот на Албанија да го свика Советот за национална безбедност. Граѓанските активисти изјавија дека Албанците од Албанија и Косово треба да дејствуваат како една нација, а не како две посебни.
Демонстрантите побараа и од албанската дипломатија да ја поддржи косовската влада, пренесува Косово онлајн.