Почетна ЕкономијаМалезискиот одбор за помилување ја преполови 12-годишната затворска казна на поранешниот премиер Разак

Малезискиот одбор за помилување ја преполови 12-годишната затворска казна на поранешниот премиер Разак

од nenad
1 минути читај за

Одборот за помилување на Малезија денеска соопшти дека ја преполовил 12-годишната затворска казна на поранешниот премиер Наџиб Разак и драстично ја намалил паричната казна што му била изречена по пресудата за корупција.

Одборот соопшти дека го одобрил барањето за намалување на казната на состанокот во понеделникот, со кој претседаваше тогашниот султан Абдула Ахмад Шах, кој потекнува од родната држава на Наџиб, Паханг.

Малезија има единствен систем на ротирачка монархија, а новиот крал положи заклетва во средата. Одборот објави дека со намалена казна, Наџиб ќе биде ослободен до 23 август 2028 година.

Во соопштението се вели дека е одлучено и казната да се намали од 210 милиони рингити (40 милиони евра) на 50 милиони рингити (9 милиони евра), а доколку не ја плати казната затворската казна ќе му биде продолжена за уште една година.

Наџиб беше затворен во август 2022 година, откако ја изгуби својата последна жалба во првото од неколкуте судења за корупција поврзани со грабежот од повеќе милијарди долари на Државниот фонд познат како 1MДБ.

Тој, исто така, се соочува со неколку други судења за корупција поврзани со 1MДБ. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА