Почетна МакедонијаКатар: Израел и Хамас се согласија на предлогот за прекин на огнот

Катар: Израел и Хамас се согласија на предлогот за прекин на огнот

од nenad
1 минути читај за




Израел се согласи со предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, а позитивна реакција стигна и од палестинското движење Хамас, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед Ансари.„Израел се согласи со предлогот за прекин на огнот и добивме првична позитивна реакција од Хамас“, изјави Ансари за Ал Џезира.
Катарските и египетските посредници оваа недела му го претставија на Хамас првиот конкретен предлог за продолжен прекин на огнот во Газа, договорен со Израел и САД во Париз минатата недела.
Хамас претходно објави дека го проучува текстот и подготвува одговор.Израел и Хамас се уште немаат дадено официјална изјава за ова прашање.