Почетна МакедонијаШто се случува: Вучиќ ја заврши средбата со воениот врв – генерал итно се упатил на југот на Србија!

Што се случува: Вучиќ ја заврши средбата со воениот врв – генерал итно се упатил на југот на Србија!

од nenad
1 минути читај за

Како што дознава „Новости“, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, штотуку ја завршил средбата со премиерката Ана Брнабиќ и воениот врв.

Работните средби и консултации ќе продолжат и утре претпладне.

По средбата со претседателот Вучиќ, генералот Милан Мојсиловиќ итно замина во Рашка во близина на границата со Косово.

Масовно на српските телеграм канали се споделува снимка за која се тврди дека е снимена на Северот на Косово во месноста наречена „Зубин Поток“. Снимката е заматена од безбедносни причини, но на истата се слушаат рафали и пресметка со огнено оружје како и поголем број експлозии.

Според неофицијални податоци косовската полиција во моментов се обидува да завземе локална полициска станица и е во пресметка со локалното население.

Потсетуваме дека денеска Албин Курти му забрани на патријархот Порфириј да влезе во Косово и Метохија.

Инспирирано од: infomax.mk