106
Со забраната на српскиот патријарх Порфириј да престојува во Пеќската патријаршија, на српскиот народ на КиМ, откако им беше укинато цела низа основни човекови права, им се укина и правото на верски живот, изјави директорот на Канцеларијата за КиМ, Петар Петковиќ.
„Умерената и христијанска реакција на патријархот на забраната за неговото доаѓање на КиМ, проследена со неговата молитва за мир меѓу Србите и Албанците, уште еднаш потврдува колку е исправна и праведна борбата на српскиот народ за опстанок на КиМ, степенот на суровост и насилство на кој нашиот народ е изложен“, истакна Петковиќ.