Почетна Македонија(ВИДЕО) ССМ бара одговорност и оставка од Врховен суд доколку е точно дека донел пресуда за одземање на работничкиот дом

(ВИДЕО) ССМ бара одговорност и оставка од Врховен суд доколку е точно дека донел пресуда за одземање на работничкиот дом

од nenad
1 минути читај за





– Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов денеска соопшти дека според информациите со кои располагаат, Врховниот суд донел пресуда со која се одзема објектот на ССМ.На вонредна прес-конференција, Трендафилов рече дека ќе сторат се да не се одземе објектот на ССМ и дека ќе побараат оставка од претседателот на Врховниот суд, а од Советот на судии, кој броел пет члена, доколку донел ваква одлука, ќе биде повикан на одговорност.
– Работниот дом го преживеа катастрофалниот земјотрес од 1963 година и ќе го преживее потресот од Врховниот суд, а дали Врховниот суд ќе го преживее гневот на работниците, ќе видиме, рече Трендафилов.
Фото: Принтскрин