Почетна СветПравославниот празник Богојавлние – Водици го одбележаа и Македонците во областа Мала Преспа

Православниот празник Богојавлние – Водици го одбележаа и Македонците во областа Мала Преспа

од nenad
1 минути читај за

Македонците во областа Мала Преспа традиционално го одбележаа Православниот празник Богојавлние-Водици се собраа во селските цркви и после литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатија кон брегот на Преспанско Езеро каде се фрла крст во сите девет села.

Во Пустец, седиште на општината, по богослужбата што во црквата „Свети Атанасиј“ која се наоѓа на брегот на езерото, ја одржа отец Темелко,  осветениот крст беше положен во езерските води а најсреќен беше Сотир Темелко, кој посака здравје, среќа и благосостојба за сите.

Честитка по повод овој голем празник, до сите Македонци во Албанија, во матичната земја и каде и да се во светот, во свое и во име на македонското друштво “Илинден“.


Post Views:
227

Извор : vesnik-ilinden.com

Православниот празник Богојавлние – Водици го одбележаа и Македонците во областа Мала Преспа