Почетна ЕкономијаПрва Нова година на Бочварски со Бјанка

Прва Нова година на Бочварски со Бјанка

од nenad
1 минути читај за

Тие позираа заедно со четиримесечната ќерка покрај новогодишната елка, упатија желби за здравје, среќа и многу насмевки во 2024 година.Инаку, Бочварски и Маринела се венчаа во 2022 година по една година врска. На нивната свадбена забава која се одржа во познат хотел присуствуваа голем број на министри и негови партиски колеги од СДСМ.

   

Неговата 12 години помлада избраничка дипломирала медицина, додека пак тој првин беше пратеник во собранието, потоа стана градоначалник на Штип, а од 2020 година е на функцијата министер за транспорт и врски.Кога во август ја добија Бјанка, тој се заблагодари на тимот од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, и како и на сопругата.

-Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите. Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка – објави тогаш среќниот татко.