„Ова дефинитивно беше моја година, година на будење и оставање на минатото зад мене. Готово е, крај. Ова е годината кога решив да го прекинам десетгодишното малтретирање од систем кој не препознава патологија. Сè уште продолжува, но веќе не ме нервира. Тоа е доволно. Затоа уживав со моето дете, на концертите, на патувањата“, сподели таа.
На прашањето какви празнични традиции се обидува да му пренесе на синот Александар, пејачката вели дека „традицијата веќе е пренесена“.
„Неговиот Божиќ мора да биде со украсување елка, сервирање храна, а ми помага и да ја поставам трпезата на која сè мора да биде домаќински поставено“, сподели Северина.
Таа вели дека никој од нејзините роднини и пријатели не го пропушта славењето на Бадник во нејзиниот дом.
„Мојот Бадник никој не го пропушта, традиционално се слави изминативе 20 години. Моето семејство и пријателите се многу смешни и сите едвај чекаме да бидеме заедно, да јадеме и убаво да се насмееме. Кога подобро ќе размислите, тоа е секогаш константа без разлика на околностите, без разлика дали е Бадник или не. Јас сум среќна личност бидејќи тие се покрај мене во сите околности на животот. А, мојот син, кој исто така сака да ги собира своите пријатели, може да го потврди тоа. Оваа година двапати патувавме заедно со нашите пријатели. Постојано патуваме некаде и на тој начин собираме убави спомени за душа“, вели пејачката.

Северина вели дека е многу блиска со мајка ѝ Ана.
„Многу сум блиска со мајка ми, секогаш ми недостигаше кога патував и жал ми е што не можам да ја носам на патувања бидејќи веќе не е способна за патување, но нејзината прегратка ме смирува, а мојата прегратка – ја смирува неа. Таа секогаш точно знаеше кој не е за мене, и тоа е она за што најмногу се боревме во текот на животот. Признавам, не ми се допаѓа што беше во право (се смее). Секогаш ми велеше: ‘Среди се кога си во најлошото, ќе се чувствуваш подобро и патувај, ќерко, само патувај’. Нејзиниот најдобар совет е: ‘Не ја напуштајте работата и никогаш не го напуштајте она што ве исполнува и ве прави среќни’. А за мене, тоа отсекогаш беше музиката. Така ми зборуваше уште од мала“, вели таа.
Празниците се прекрасен период да им простиме на оние кои ни згрешиле, а пејачката вели дека им простува на сите.
„Луѓето се делат на оние кои судат, оние кои мерат и оние кои простуваат. Важно е да не сте во првите две групи. Јас им простувам на сите, вклучувајќи го и таткото на мојот син. Неодамна дури му испратив порака дека сум достапна да седнеме насамо и да разговараме. На што тој ми одговори со вообичаените навреди. Меѓутоа, едно е простувањето, а друго е откажувањето од правдата. Очекувам државното правобранителство конечно да ја заврши мојата тужба против директорот на училиштето и поранешниот правен старател на моето дете, кој работеше за интересот на таткото наместо за интересот на детето“, сподели пејачката.