Секој хороскопски знак како што има некои одлики во однос на карактерот, така има и одредени црти кои се карактеристични за неговиот изглед.
Ако ги знаете главните одлики на секој знак лесно ќе препознаете и некој непознат што е во хороскоп, само по цртите на лицето или градбата на телото.
Овен
Овните имаат спортска градба и мускули и покрај вишокот килограми. Делуваат силно и имаат изразени црти на лицето. Неретко имаат темен тен и рамна, густа, понекогаш црвена коса. Нивниот изглед е во согласност со силата и енергијата на личностите кои се карактеристични за овој знак. Не се склони на дебелеење, а најчесто се облекуваат спортски и едноставно.